Деталите за здравјето на кралското семејство обично се строго чувана тајна, но не и овој пат: Дали состојбата на принцезата Кејт Мидлтон е сериозна ?

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се опоравува во болница по операцијата, а кралот Чарлс III треба да оди на медицинска процедура следната недела, јави BBC во четвртокот.

Принцезата ќе биде надвор од кралските должности неколку месеци, откако беше подложена на операција поради абдоминална состојба за која е познато само дека не е канцерогена.

Кралот Чарлс III следната недела ќе се лекува од бенигна болест на простатата.

Овие најави дојдоа со разлика од два часа во средата попладне.

Деталите за здравјето на постарите членови на кралското семејство обично се строго чувана тајна и се објавуваат само во ограничени околности, така што објавувањето на две здравствени вести од висок профил е невообичаено.

Од кралското семејство беше објавено дека принцезата во вторникот била примена на операција во приватна болница во центарот на Лондон и таму се опоравува.

слика
Болницата во која престојува принцезата од Велс

Според неофицијални информации, состојбата на принцезата е стабилна, но се очекува таа да помине до две недели во болница и дека и претстојат неколку месеци закрепнување, поради што нема да се појави во јавноста до Велигден.

Тој долг период на опоравување, како и тонот на соопштението, укажува дека нејзината состојба е сериозна, иако изјавија и дека операцијата била планирана и дека била успешно извршена.

Вилијам, принцот од Велс, исто така ќе се повлече од кралските должности во наредните недели за да биде со сопругата и принцот Џорџ (10 г.), принцезата Шарлот (8 г.) и принцот Луис (5 г.).

Само 90 минути подоцна, Бакингемската Палата објави дека на кралот Чарлс III следната недела ќе му биде извршена „корективна операција“ поради зголемена простата.

Тоа е медицинска состојба честа кај постарите мажи и не е канцерогена. Кралот Чарлс наполни 75 години во ноември.