ДЕТАЛИ ЗА ДРАМАТА ВО МЕКСИКО: Паѓале луѓе од височина од околу 12 метри, зголемен е бројот на ранети и мртви

Три лица загинаа, а 19 се хоспитализирани во петокот вечерта во Мексико кога се урна алуминиумски и стаклен балкон што води кон ноќниот клуб Рич во Сан Луис Потоси.

Голем број млади луѓе дојдоа во клубот да го слушаат пејачот Кевин Морено, што доведе до доаѓање на многу повеќе луѓе од капацитетот на клубот.

Додека на мал простор на влезот се формирала гужва, во еден момент се скршило стаклото на балконот, при што неколку лица паднале од висина од околу 12 метри, што е еквивалент на пад од третиот кат.

Во таа несреќа загинаа тројца млади, а повредени се 16 лица, од кои пет се здобиле со тешки телесни повреди, јавуваат мексиканските медиуми.

Луѓето трчаа дезориентирани

Очевидци на трагедијата велат дека луѓето трчале дезориентирани, дека некои од нив се повредени, додека останатите лежат неподвижни на земја. Околу 20 луѓе паднале од голема височина. Видеото од местото на настанот покажува како повеќе луѓе ненадејно паѓаат еден врз друг на бетонот, од кои повеќето остануваат неподвижни.

Безбедносните лица брзо ја опколија областа, додека присутните им помагаа на повредените меѓу скршеното стакло. Клубот е затворен во сабота наутро.

Трагедијата се случи поради немање превентивни мерки и непочитување на максимално дозволениот капацитет на луѓе во клубот.

Утврдено е дека ноќниот клуб нема соодветни дозволи за работа и дека директорот на трговскиот центар Маурицио Ордаз Флорес изјавил дека Државната служба за цивилна заштита извршила проверка на 15 март и утврдила дека клубот не ги исполнува безбедносните стандарди.

ЦЕПЦ потоа побара од раководството на клубот да ги исполни потребните услови за да може да се издаде работна дозвола.

Локален функционер на прес-конференција изјави дека една од оградите на третиот кат од трговскиот центар се срушила под притисок на луѓето.

Тој додаде дека е констатирано дека во клубот се одржувал настап на пејач, иако управата на објектот не поднела барање до надлежните органи за настап и немало одобрение од ЦЕПС да го реализира тој настан.