ДЕТАЛИ ЗА КРВОПРОЛЕЊЕТО ВО ГЕРМАНИЈА. Ѕверски УБИЕНО ДЕТЕ. Откриен кој е убиецот, цела држава на нозе! „Го земаа со наведната глава…“ (ФОТО, ВИДЕО)

Во напад со нож во парк во германскиот град Ашафенбург, две лица загинаа, меѓу кои и едно дете , а неколку луѓе беа ранети.

Нападот се случил околу пладне, а полицијата привела млад човек (28) од Авганистан .

Две лица кои се ранети во нападот се пренесени во болница со тешки повреди, пишува Билд.

Очевидци наведуваат дека полицијата брзо го совладала напаѓачот и со наведната глава го однела . Иако најпрвин имаше информации дека нападот го извршиле двајца напаѓачи, се покажа дека полицијата привела маж кој бил очевидец на убиството, но по распитот го ослободила.

Мотивот за нападот се уште не е познат, а во прекин е и железничкиот сообраќај, бидејќи осомничениот за убиството се обидувал да побегне преку железничките шини.

Полицијата ја опколи целата област. Како што е соопштено, нема опасност за граѓаните.