Детали за семејната трагедија: Синот се разнел со бомба, а потоа таткото со карабина пукал во сопругата и во себе!
На површина излегоа деталите за страшната семејна трагедија во бољевачкото село Добро Поље.
Иако прво се веруваше дека синот ја убил мајка си и се обидел да го убие татко му, а потоа си пресудил, сега вистината е уште потрагична.
-Имено, синот се разнел со бомба сред семејната куќа, гледајќи го тоа, таткото земал карабина и прво ја убил сопругата, а потоа си пукал во глава. Разнел половина од лицето, но преживеал. Тој е префрлен во Ниш и неговата состојба е критична – велат надлежните.
Ова семејство, според приказната на мештаните, често било во алкохолизирана состојба, а мештаните веруваат дека и денес консумирале алкохол пред трагедијата и злосторството.
Инаку, тие се приматели на социјална помош, постојано се расправале, тепале и биле под дејство на алкохол, велат мештаните.
– Синот кој се самоуби имаше 25 години, а засега не се знае точно за која бомба станува збор, единствено со сигурност се знае дека немал дозвола за оружје. А нелегална е и карабината со која таткото ја застрелал и ја убил сопругата, а потоа се обидел да се самоубие – информираат од надлежните.
Според мештаните, ова семејство има уште еден син, но селаните не знаат точно каде се наоѓа.