ФОТО | “Едноставно најдобри!“ – Сања Лукаревска рамо до рамо со легендарните Маријана и Росана ги пееше евергрините “Признавам“ и “Едно срце имам душо“

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, претходната вечер се забавуваше во познат скопски локал каде настапија сестрите Маријана и Росана.

Сања Лукаревска уживала во евергрините „Признавам“ и „Едно срце имам душо“, кои пејачките по неколку децении ги запеаја заедно повторно.

Како потврда дека заменик-претседателката на владејачката партија си поминала убаво сведочи и нејзината објава на социјалните мрежи, каде таа објави заедничка фотографија со Маријана и Росана по настапот и порача: „Едноставно најдобри“.

Сања Лукаревска со Маријана и Росана

За потсетување, Маријана повеќе од 30 години живее во Австралија, а летово е на одмор во својата татковина. Идејата за нивниот заеднички настап беше на Александар Митевски и Драган СпасовДац, па претходната вечер било вистинско шоу со прекрасните песни кои не ја оставиле публиката рамнодушна и која во еден глас пеела со сестрите.