Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со истражните екипи на МВР и обдукцијата од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место на железничка станица во општина Илинден. Според првичните информации, 14-годишно девојче починало од струен удар, се наведува во соопштението.
Според првите информации, несреќата се случила додека девојчето со уште две деца си играло околу паркираните вагони и во еден момент се качило на еден од вагоните и ги допрело високонапонските жици. Јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче, се наведува во соопштението на јавното обвинителство.
Со двајцата малолетници кои биле сведоци на настанот е извршен разговор, местото на настанот е фотографирано и се работи на расветлување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.
На 25.02.2023 година во 21,05 часот во Скопје ССР било пријавено дека на железничката станица-магацин во населба Илинден има починато малолетно девојче. По извршената проверка од страна на полициски службеници и јавен обвинител, констатирано е дека малолетник кој бил таму со уште две малолетници, се качил на покривот од резервоарот кој се наоѓал на пругата, предизвикувајќи електрична струја. Малолетникот починал на местото на настанот, додека лекарот на Итната медицинска помош констатирал смрт, се наведува во соопштението на МВР.