Дете (12 г.) уапсено за убиство – осомничен е дека предизвикал сообраќајна несреќа во која жена починала од фатални повреди

12-годишно момче е уапсено под сомнение дека извршило убиство откако жена починала од повредите нанесени по страшна сообраќајна несреќа.

Полицајците уапсија млад човек синоќа во Шефилд, Јоркшир, по судир во предгрдието. Тој е приведен и поради сомнение дека поседувал остар предмет и ќе остане во притвор се додека судот не одлучи што понатаму.

Екипите на полицијата и итната помош излегле на местото на настанот вечерта на 5. април, каде кај 60-годишна жена била констатирана со тешки телесни повреди. Таа починала на местото на настанот пред да биде пренесена во болница, потврдила полицијата во Јужен Јоркшир а пишува The Sun.

Главниот инспектор Андреа Бовел изјавил:

Ова ќе биде длабоко вознемирувачки период за семејствата на оние кои се вклучени во овој инцидент и би побарал да се почитува нивната приватност додека се обидуваат да разберат што се случило“.

Портпаролот на полицијата не дал детали за локацијата на несреќата, но жителите на Хемпер Лејн во областа Гринхил во градот известија дека тоа се случило таму, пишува споменатиот медиум.