Барселона ги продава Фати и Торес

– Фудбалерите на Барселона, Ансу фати и Феран Торес, ќе го напуштат каталонскиот клуб на крајот на оваа сезона, објави денеска шпанскиот весник Ас.

Двајцата напаѓачи ќе заминат од клубот, бидејќи Барселона ќе мора да ослободи буџет за плати за следната сезона.

Според шпанските медиуми, Роберт Левандовски, Рафиња и Осман Дембеле се вклопуваат во системот на тренерот Чави и тие нема да бидат на продажба во летниот преоден рок.

Од друга страна, списокот нови засилувања на Барселона почнува со името на Лионел Меси.

Аргентинецот има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но сè уште не ја прифатил понудата на францускиот првак за продолжување на договорот.

Весникот Мундо Депортиво наведува дека таткото на Меси имал средба пред неколку недели со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и поради тоа растат шансите за враќање на Меси во Шпанија.