СТРАШНИ ДЕТАЛИ ЗА МАСАКАРОТ ВО РУСКАТА ГИМНАЗИЈА – Еве зошто девојката пукала во своите соученици

Во гимназија во Брјанск, југозападно од Москва, рано утринава имало пукање. Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти дека 14-годишен ученик донел оружје во училиште и испукал неколку куршуми. Пет лица се ранети, едно девојче починало од повредите, а девојката која отворила оган се самоубила.

Претходно, градската управа соопшти дека во 9 часот и 15 минути до градската диспечерска служба е добиено известување за пукање во гимназија бр. 5 и дека има двајца мртви и четворица ранети и дека се претпоставува дека ученичката се самоубила.

Девојчето пукало со ловечко оружје во сопственост на нејзиниот татко.

Полицијата смета дека причина за пукањето е конфликт со соучениците. 

Според медиумите, девојчето влегло во училиштето и се качило на 4-ти кат до својата училница. Во тек бил час по биологија, а таа наводно ја отворила вратата и почнала да пука во соучениците.

Докторите потврдија дека двете жртви се во средно тешка состојба.

Примено е едно дете, има повреда на рамото и коленото, состојбата е со средно тешка. Даваме прва помош и најверојатно ќе биде пренесен во детска болница“, известиле од градската болница Брјанск.

Од здравствените власти известиле дека е примено уште едно повредено дете со рана на левото рамо.

Има 14 години, има прострелна рана. Неговата состојба е умерена, хоспитализиран е“, рекол изворот на руските медиуми.