ФОТО+ВИДЕО | ДАЛИ ВОЈНАТА СЕ ПРЕФРЛА ВО САД !? Жесток конфликт на улиците во Њујорк: Палестинци го палат и газат знамето на Израел и се тепаат во близина на зградата на ОН

На њујоршкиот Тајмс Сквер, американската полиција мораше да постави коридор помеѓу стотиците пропалестински демонстранти и контрапротестите организирани од поддржувачите на Израел.

Њујорк, демонстрации, Израел, Палестинци

Весникот New York Post објави дека пропалестинските демонстранти го згазиле и запалиле израелското знаме на протестот во неделата.

Се наведува дека тоа се случило додека исламските терористи од Хамас го продолжиле нападот врз еврејската држава кој започна во саботата наутро.

Њујорк, демонстрации, Израел, Палестинци

На Менхетен се собраа и голем број од оние кои го поддржуваат Израел, но во текот на денот поради присуството на полицијата најголемиот дел се сведе на вербални пресметки.

Споменатиот весник наведува дека имало барем една тепачка што избила во близина на седиштето на Обединетите нации во центарот на Њујорк.

Њујорк, демонстрации, Израел, Палестинци

Се наведува дека еден од учесниците на пропалестинските демонстрации бил снимен со нацистички транспарент кој го чувал како фотографија на својот мобилен телефон на денот кога Хамас уби најмалку 700 Евреи во Израел.

Times of Israel објави дека демонстрантите кои го славеле нападот на Хамас и го извикувале бројот „700“ поради бројот на загинати Израелци.

Њујорк, демонстрации, Израел, Палестинци

Се вели дека носеле палестински знамиња на Тајмс Сквер и извикувале: „Отпорот е оправдан“, „Глобализирајте го палестинскиот бунт“ и „Уништите ја доселеничката ционистичка држава“.

Од друга страна, поддржувачите на Израел возвратиле со пеење на националната химна, бидејќи меѓу нив имало многу израелски граѓани.

Тие вееле израелски знамиња и извикувале „срам“ и „убијци“ во насока на пропалестинските демонстранти.