“ЌЕ ГО ПРОМЕНИМЕ ЛИЦЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК!“ – Ова е досега најжестоката изјава на Бенјамин Нетанјаху: Премиерот на Израел најави напад на Појасот Газа и тешки денови

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, разговараше со лидерите на јужните региони на земјата и им порача дека воениот одговор на Хамас во Појасот Газа ќе го промени лицето на Блискиот Исток.

Државата Израел нема да остави ништо на случајност за да ви помогне на сите. Ве молиме останете силни бидејќи ќе го промениме лицето Блискиот Исток“, рекол Бенјамин Нетанјаху, а неговите зборови беа објавени од неговиот кабинет.

Бенјамин Нетанјаху истакна дека Израел е во средина на воена кампања и додаде дека земјата се соочува со тешки денови.

Израел беше погоден од невиден ракетен напад од Појасот Газа во саботата наутро. Прес-службата на израелската Армија соопшти дека биле лансирани повеќе од 3.000 ракети. Покрај тоа, борците на Хамас, по масовните ракетни напади, навлегоа во пограничните области на југот на Израел.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во обраќањето до нацијата кажа дека земјата е во воена состојба и кажа дека наредил мобилизација.