ДЕТЕ(13) СПРЕЧИ ТРАГЕДИЈА- Возач се онесвестил, момчето успеа да го запре автобусот (ВИДЕО)

Шеесет и шестте ученици кои се превезувале во училишен автобус од училиштата во Мичиген се безбедни благодарение на 13-годишно момче кое го презело управувањето со училишниот автобус откако возачот изгубил свест, соопштија официјални лица.

Дилон Ривс од средното училиште Картер во Ворен скокнал напред од своето седиште кое било пет реда зад возачот и ја презел контролата над воланот.

Родителите на Дилон се многу горди, а тој е поздравен како градски херој.

– Многу сме горди на вас за вашите херојски постапки! Напиша советникот на Ворен, Џонатан Лаферти, во објава на Фејсбук.

Кога полицијата ги повикала родителите на Дилон, неговиот татко, Стив Ривс, прво прашал „што направил тој?“

А полицајците одговориле „твојот син е херој“, пренесуваат локалните медиуми.