ВАКА ПОЗИРА ЛИДЕРОТ НА КАВАЧКИОТ КЛАН! Се појави досега невидено селфи на Радоје Звицер, тој преку Скај испрати слика некому (ФОТО)

Фотографијата на водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер (41) се појави кога беше објавено обвинението против членовите на оваа криминална група напишано на повеќе од 80 страници !

На најновата фотографија тој позира пред огледало, а сликата ја испратил преку својот шифриран телефон и тајната комуникациска апликација Sky.

– На кого Звицер му го испратил своето селфи, на кое инаку е сериозен со наочарите, не се знае – вели изворот.

Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кои работеле за Звицер и биле белградски огранок на кланот, често се споменуваат во обвинението против Звицер и неговите соработници во Црна Гора, а објавено од порталот Либертас.

Како што пишуваа медиумите, тие беа уапсени на 4 февруари 2021 година во спектакуларна акција на Министерството за внатрешни работи на Србија и Обвинителството за организиран криминал во Белград, а Србија по четири месеци распиша потерница за првиот човек на „Кавачкиот клан“.

Во обвинението што Обвинителство во Црна Гора го покрена против „Кавчаните“ во таа земја, се наведува дека Звицер и неговиот братучед Радоје Живковиќ во моментот на апсењето на групата на Беливук биле во Белград.

Ова обвинение го товари Звицер дека организирал криминална група од 11 членови и дека го наредил и организирал тешкото убиство на Милан Љепоја во декември 2020 година во куќата на ужасите во Ритопек, како и обидот за убиство на Јован Вукотиќ во октомври 2020 година. Тој бил вклучен во меѓународен шверц на кокаин, оружје и перење пари.

Да потсетиме, Беливук и Миљковиќ во јануари 2021 година беа на средба во Котор со Радоје Звицер. Како што тогаш пишуваа црногорските медиуми, при враќањето на аеродромот за летот за Белград, на 22 јануари во Тиват наводно бил планиран обид за атентат на Беливук и Миљковиќ, кои при слетувањето во Србија биле приведени.

Тие веднаш беа ослободени, но на 4 февруари повторно беа уапсени и оттогаш се зад решетки.