ДЕТСКИ ХЕРОЈ, ТАЕН АГЕНТ ИЛИ ВОЕН ПРОПАГАНДИСТ !? Животот и смртта на Волт Дизни се полни со мистерии, а ова сигурно не сте го знаеле за него

На денешен ден во 1966 година, почина Волтер Елијас Дизни, ширум светот познат како Волт Дизни.

Тој беше карикатурист, магнат и визионер кој стана симбол на северноамериканската култура од XX век. За Волт Дизни се вели дека е човек полн со соништа, амбициозен перфекционист, а тој е и креаторот на „Mickey Mouse“ („Мики Маус“).

Кој беше Волтер Елијас Дизни – Волт Дизни ?

Волт Дизни
Волт Дизни

Познатиот автор на цртани ликови е роден на 5. декември 1901 година во Чикаго, како четврто дете на Елиас Дизни, ранчер и овоштар од Мисури. Петчленото семејство се преселило во Канзас кога Волт Дизни наполнил 10 години и се вратиле во Чикаго каде што тој посетувал средно училиште.

Сепак, иако неговите цртани го одбележаа детството на многу генерации, многу контроверзии се поврзани со неговиот живот, а подолу ви откриваме некои од нив.

ТАЕН АГЕНТ ?

Некои биографи наведуваат дека Волт Дизни го сакал своето семејство и работа, но пред се неговата земја.

Гледајќи во Волт Дизни моќен сојузник во борбата против советските симпатизери во шоу-бизнисот, Едгар Ј. Хувер, тогашниот директор на ФБИ, го регрутирал за служба. Волт Дизни тогаш стана највлијателниот информатор на Едгард Ј. Хувер.

До денес не е познато за кого Волт Дизни шпиунирал на Едгард Ј. Хувер и чии кариери ги уништил особено пред тие дел од тајните документи за Волт Дизни да станат јавни. Поголем дел од овие документи сè уште се строго тајни.

ВОЕНА ПРОПАГАНДА

Пред да стане посветен комунистички ловец, Волт Дизни го надгледуваше производството на стотици пропагандни филмови направени помеѓу 1942 и 1945 година.

Повеќето од овие достигнувања не можеше да ги види јавноста, особено затоа што тие беа наменети исклучиво за војници.

Најпознатиот пропаганден филм на Волт Дизни е „Лицето на Дер Фирер“ каде главната улога ја имаше Паја Патак која тешко се справува со стресот и компликации кои предизвикуваат војна во неговиот живот.

„MICKEY MOUSE“ НЕ Е НЕГОВОТО ПРВО ДЕЛО

Волт Дизни
Волт Дизни

Иако „Mickey Mouse“ му ги отвори вратите низ целиот свет, интересно е што тој не беше првиот лик на Волт Дизни. Претходникот на „Mickey Mouse“, „Oswald the Lucky Rabbit“, беше создаден додека Волт Дизни беше под договор со Universal Pictures.

Кога ја прекина соработката со оваа куќа, Волт Дизни немаше авторски права и затоа мораше да создаде нов лик.

ВОЛТ ДИЗНИ Е ЗАМРЗНАТ ?

Исто така, една од приказните што е општо прифатена во општеството со години е дека Волт Дизни е замрзнат и дека ќе се „прероди“ во еден момент.

Меѓутоа, ќе мораме да ве разочараме бидејќи овој медиумски маг не бил замрзнат, туку кремиран, според неговата последна желба. Пепелта од него била расфрлана во Калифорнија.