Вивијан и Шајло не се единствените, всушност меѓу нив е и нивната мајка
Познатото презиме често може да биде клучот за успехот, но не секој сака да изгради кариера на наследено име и наследство. Непотизмот е вообичаена работа во Холивуд, но и во другите деловни сфери – нешто од што „масите“ бегаат, па не е чудно што одредени деца не сакаат да го „носат крстот“ на своите славни родители.
Во епицентарот на скандалот се ќерките на Бред и Анџелина – Шајло и Вивијан Пит – сега Џоли. Веќе пишувавме за односот на Бред со децата , а потегот на девојчињата може да се протолкува како – кој друг сака да го носи презимето на таткото кој наводно физички ја малтретирал нивната мајка?
Причините за оваа постапка се, како што можеме да посведочиме, различни, а еве дел од децата на познатите кои се одлучиле за „независност“.
1. Малија Обама
Ќерката на Барак Обама, Малија, одлучи да се откаже од своето презиме и наместо тоа да биде позната по нејзиното уметничко име – Малија Ен.
Веднаш по овој потег таа беше нападната на социјалните мрежи , по што во нејзина одбрана излезе Вупи Голдберг. Голдберг го смени и името и презимето по започнувањето на кариерата.
2. Мајкл Нисон
Синот на актерот Лиам Нисон одбил да го користи името на неговиот татко кога тој почнал да работи во индустријата. Мајкл одлучил легално да го користи презимето на неговата мајка, Наташа Ричардсон, и станал Мајкл Ричардсон, одлука со која Нисон се согласил.
Мајката на Наташа, актерката Ванеса Редгрејв, го нарече тоа како почит на женската страна на нивното семејство.
3. Анџелина Џоли
Ќерката на актерот ветеран Џон Војт, Анџелина Џоли, го отфрли своето презиме кога ја започна својата актерска кариера во Холивуд. Потоа стана една од најплатените актерки. Во 2002 година, Џоли тивко го зеде презимето на нејзината мајка, наведувајќи ја нивната тешка врска како причина.
„ Не е здраво за мене да бидам покрај се што е поврзано со татко ми “, рече таа и се чини дека ги учи своите деца на истите здрави семејни модели.
4. Вивијан Џена Вилсон
Набргу откако наполни 18 години, најстарото дете на Илон Маск го промени своето име од Ксавиер Александра Маск во Вивијан Џена Вилсон. Вилсон исто така рече дека не сака да ја поврзуваат со името на нејзиниот татко.
Таа се декларира како трансродова личност, а Маск ја доби со Џастин Вилсон во 2008 година, пренесува „newsbytessap“.
5. Николас Кејџ
Првобитното име на Николас Кејџ беше Николас Ким Копола. Тој е внук на иконскиот режисер Френсис Форд Копола (Кум). Николас , сакајќи да се разликува од својот вујко, почнал да го користи презимето Кејџ.