Најпрво се верувало дека децата биле отруени со јаглерод моноксид
Шест деца во Хаг се хоспитализирани откако јаделе слатки со канабис .
Службите за итни случаи лекувале деца на возраст меѓу четири и 14 години на кои ненадејно им се појавиле вртоглавица и главоболки откако јаделе слатки со канабис во куќа во близина на автобуската станица Гудријанкаде во Хаг.
Првично се веруваше дека децата биле отруени со јаглерод моноксид, но пожарникарите не пронашле траги од гасот.
Децата подоцна ѝ кажале на полицијата дека од слатките им се слошило и дека биле тестирани за ТХЦ, супстанца која се наоѓа во канабисот и може да предизвика главоболки и вртоглавица.
Според полицијата, нема индикации дека некој возрасен им дал на децата бонбони со наркотици.
Откако им била укажана помош во болница, децата биле пуштени дома.