Дејвид Бекам сподели фотографија од српскиот инфлуенсер: Еве што му го привлече вниманието

Српскиот инфлуенсер Душан Петровиќ и неговата девојка Ема Лукетин решиле да се маскираат во Викторија и Дејвид Бекам, а не ни помислувале дека нивната фотографија ќе го воодушеви славниот фудбалер.

Имено, познатите инфлуенсери решиле да ги „соблечат“ аутфитите на славната двојка од венчавката, која наместо традиционалната бела боја, се одлучила за виолетова тоалета и одело.

„Бакнеж од Пош и Бекс“, напишаа Ема и Душан во описот на фотографиите на нивните Инстаграм профили.

Фотографијата за помалку од 24 часа собра 37 илјади лајкови, а го воодушеви познатиот фудбалер кој ја сподели на својата инстаграм приказна.

Инаку, Душан Петровиќ е еден од најпознатите домашни фотографи, кој има работено со најголемите имиња од домашната забавна сцена. Покрај тоа, тој е и успешен инфлуенсер, има свој бренд за облека, а последниве месеци вниманието го привлекува со својот емотивен живот – врска со инфлуенсер од Хрватска.