Дејвис куп го избриша видеото како Ѓоковиќ влегува на терен со песната „Весели се српски роде“!

Неверојатна ситуација на официјалниот Твитер профил на Дејвис купот ! Одборот реши да направи вистински преседан и да го избрише видеото на кое можеше да се види како играчите на Србија излегуваат на терен со песната „Весели се српски роде“.

Фановите веднаш го забележаа тоа и преку социјалната мрежа „Х“ се огласија барајќи одговор од Дејвис купот каде исчезна видеото на кое се гледа претставувањето на српската тениска репрезентација.

Поради споменатата песна, во текот на вчерашниот ден реагираа и од тениската федерација на Косово, што предизвика жестока реакција кај Новак Ѓоковиќ и остатокот од српската тениска репрезентација.

Без разлика дали случајно челниците на Дејвис купот го избришаа видеото тоа предизвика реакции кај публиката.

Останува да видиме дали Дејвис купот ќе се огласи во врска со оваа ситуација.