Де Ниро тврди дека не е изненаден што има дете на 79 години: Никогаш не станува полесно

Додека веста за раѓањето на седмото дете на Роберт Де Ниро изненади многу обожаватели на актерот, тој не беше шокиран бидејќи стана татко на 79 години.На премиерата на „За мојот татко“ синоќа, Де Ниро откри за Page Six дали е изненаден што повторно ќе стане татко на 79 години. Тој категорично одговори: „Не“.

Всушност, тој појасни дека бременоста била „планирана“, велејќи: „Како можеш да не планираш такви работи?“.

Исто така, People објави дека тој рекол дека е „во ред со тоа“ и дека кога станува збор за родителството, „никогаш не станува полесно“.

Актерот на премиерата изгледаше елегантно во темно сина јакна, кошула со пруги, црни панталони и соодветни црни чевли.

Претходно во текот на денот претставници на холивудската ѕвезда потврдија дека тој добил уште едно дете, но не го открија името и полот. Исто така, тие тогаш не го открија идентитетот на мајката на детето.

Меѓутоа, неговата многу помлада девојка Тифани Чен минатиот месец беше фотографирана со труднички стомак. Двојката се запознала на снимањето на „The Intern“ во 2015 година, а следната година биле забележани на патување во Шпанија.

Со поранешната сопруга Грејс беше женет двапати, од 1997 до 2003 година, а тие ги обновија заветите и повторно се венчаа една година подоцна. Тие поднеле барање за развод во 2018 година. Во 2021 година, судот пресуди дека актерот треба да и плаќа на поранешната сопруга милион долари годишно и дека парот ќе ги подели приходите по продажбата на нивниот дом вреден 20 милиони долари.

Де Ниро ги има ќерката Дрена (51) и синот Рафаел (46) со првата сопруга Дијана Абот. Тој е исто така татко на синовите близнаци Арон и Џулијан (27) со неговата поранешна девојка Туки Смит, а има и син Елиот (25) и ќерка Хелен (11) со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.