Првата реакција на Трамп по пресудата за сексуален напад на новинарka: Немам поим која е оваа жена

Поранешниот претседател Доналд Трамп во вторникот се огласи пишувајки само две реченици како одговор на пресудата со која се потврди дека сексуално ја нападнал новинарката Џин Керол.

„Апсолутно немам поим која е оваа жена. Оваа пресуда е срамота, продолжување на најголемиот лов на вештерки на сите времиња“, напиша Трамп во објавата на својот профил TruthSocial.

Објавата на Трамп дојде набргу откако поротата на Менхетен утврди дека поранешниот претседател е одговорен за сексуалниот напад на новинарката Керол.

Поротата го прогласи поранешниот американски претседател Доналд Трамп за виновен за сексуален напад на Е.Џин Керол, како и за клевета, но не го прогласи за одговорен за силување.