ДЗС: За 7,7 отсто зголемен индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 во однос на истиот месец лани

– Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023  во споредба со јуни 2023 година е зголемен за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

-Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 година во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 7,7 проценти, наведува ДЗС.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 12,4 проценти, додека во однос на декември 2022 година е зголемен за 3,2 проценти.