ДИГИТАЛЕН ФУСТАН СЕ ПОЈАВИ НА ПАЗАРОТ: Со само едно притискање на копче го менува ОРИГИНАЛНИОТ ДИЗАЈН! „Модата не мора да биде СТАТИЧНА“ (Видео)

„Ви го претставувам проектот Primrose – дигитален фустан кој оживува ткаенина “, рече научничката Кристин Дирк , која го состави овој фустан и го создаде во соработка со нејзиниот тим. Дирк го носеше овој фустан со висока технологија кога се качи на сцената за годишното претставување на Adobe Max.

„За разлика од традиционалната облека која е статична, Primrose ми дозволува да го освежам мојот изглед за момент“, рече Дирк и додека притисна копче, фустанот ги смени моделите на општо задоволство на толпата. Освен што може да го промени својот шаблон со притискање на копче, фустанот реагира и на движење.

Интерактивниот фустан е направен од стотици флексибилни екрани кои можат да ги менуваат нивните шари и анимации во реално време, а е производ на компанијата за софтвер за фотографија Adobe.

„Проектот Primrose е платформа за креативност, а можностите се неограничени. Модата не мора да биде статична, таа може да биде динамична, па дури и интерактивна, а ние сме возбудени за иднината каде што ќе има повеќе начини луѓето да се изразат“, заврши презентацијата на фустанот на научничката.