Диетата на Ана Николиќ од која ослабе 50кг: Пејачката откри како се ослободила од вишокот колограми а еве што прави кога ќе ѝ падне шеќерот! (фото)

Ана Николиќ откри како успеала да ослабе неверојатни 50 килограми, а еве на што морала да внимава. Таа своевремено за медиумите откри како ја регулирала својата тежина и како изгледа нејзината исхрана.

Ана изјавила како изгледаат седум дена со здрава исхрана до која се придржува.

– Мојата тајна како ослабев? Најважно е внесот на течности. Ја имам мојата утринска рутина. Штом станам пијам 2 чаши вода. Некогаш со лимон, некогаш без. После тоа доаѓа мојот појадок, кој често е јајце со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарици. За време на ручек јадам бело месо или риба со зеленчук на пареа. Ги исклучив јаглехидратите (бели влакна), се придржувам до внесот на калории од 1.000 kcal до 1.200 kcal. Целосно се откажав од слатките. Месо, само риба. Ако навистина ми падне шеќерот, тогаш јадам една лажица Нутела и замислувам дека сум ја изела целата. Губењето на вишокот килограми е работа на психата – изјави Ана во една прилика.

– Човек мора цврсто да одлучи дека сака да промени нешто и така ќе успее. Првиот месец е тежок, но се навикнувате. Со помош на апчиња за слабеење, не чувствував глад и немав потреба да вечерам.

Ако огладнам во доцните часови, јадам зеленчук. Морков, краставица или само зелена салата. Колку помалку солено, толку подобро. Пијам 2 до 3 литри вода дневно. Понекогаш дури и 4! – истакнува таа.

МЕНИ

ДОРУЧЕК:

– 2 матени јајца со еден домат;

– Јогурт со снегулки и 1 овошје – едно јаболко и една рака ореви – кајсија/цреши со јогурт.

РУЧЕК:

– супа од брокула;

– пржени пиперки со ориз;

– лосос и спанаќ;

– печурки со кромид и бело месо;

– зелена салата со туна/ракчиња;

– зеленчук со риба.

ВЕЧЕРА:

– јогурт, или некое овошје.