Албанија се бори со пожари, згаснати 10 во последните 24 часа

 – Во последните 24 часа на територијата на Албанија се згаснати 10 пожари.

На гаснењето на пожарите се ангажирани 100 припадници на албанската војска, четири возила и хеликоптер, изјави министерот за одбрана на оваа земја, Нико Пелеши, пренесуваат локалните медиуми.

Пелеши нагласи дека ситуацијата постојано се следи, бидејќи постои ризик од ширење на пожарите.

„Се стремиме кон конечно гаснење на пожарите на планината Шпираг, каде на неутрализирање на пожарите два дена се ангажирани 100 војници и хеликоптер“, рече Пелеши.

Тој додаде дека пожарот во селото Бушат во потполност е згаснат, додека во селото Тет, пожарот е повторно активен.

Пелеши истакна дека припадници на државната полиција привеле лице под сомнение за подметнување пожари.