Диетата со свежо сирење стана вистински хит на мрежите: Еве што е „финтата“ 

Секогаш сме во потрага по нови диети кои би ни помогнале да се ослободиме од несаканите килограми на едноставен и ефикасен начин.

А во последно време една од најпопуларните што кружи на мрежата е диетата со свежо сирење. Факт е дека ова е намирница која има голем број нутритивни придобивки, а еве зошто стана хит.

Според извештаите од продажбата, свежото сирење навистина се купува во последно време, благодарение на корисниците на TikTok, кои ја промовираат оваа храна и ги истакнуваат нејзините придобивки.

Диета со свежо сирење

Хаштагот #cottagecheesediet има милиони прегледи на TikTok. А инфлуенсерите препорачуваат оброци кои вклучуваат свежо сирење, сенф, зеленчук и колбаси.

Оттаму тврдат дека таквата диета може да помогне при слабеење. Успехот на диетата се заснова на ниска калорична содржина и висока содржина на протеини, кои ја зголемуваат ситоста.

Треба да се запомни дека свежото сирење има предности, но рестриктивните диети не се корисни за здравјето на долг рок.

Најдобар начин за одржување на витка линија е постојано да се придржувате до калориски дефицит следејќи диета која се состои од целосна храна, а тоа не значи дека таквата диета не може да вклучува свежо сирење.

Кои се предностите на свежото сирење?

Во 100 грама свежо сирење има 11 грама протеини и нешто помалку од 100 калории, поради што е одличен додаток во исхраната за време на првата фаза на губење маснотии.

Свежото сирење е богато со калциум, витамини од групата Б, фосфор и селен, а некои видови содржат и пробиотици кои се корисни за варење и здравје на цревата, пренесува index.hr.

Освен тоа, свежото сирење е намирница за ситост, што значи дека ќе бидеме помалку гладни ако го вклучиме во нашите оброци.

@laurensbalancedbites #cottagecheese ♬ original sound – Lauren| Food Freedom Dietitian