ДИК мора да ги објави првите резултати од локалните избори во рок од 12 часа

Државната изборна комисија (ДИК) ги објавува првите резултати од локалните избори добиени електронски од Општинските изборни комисии последователно, додека резултатите врз основа на податоци од записниците на општинските изборни комисии се објавуваат во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Општинските изборни комисии мораат да ги објават првичните резултати од изборите во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од изборните одбори и огласната табла во општините и да бидат објавени во медиумите.

Изборната комисија на градот Скопје, во рок од 10 часа по завршувањето на изборите, ќе ги објави првичните резултати од изборите за членови на совет, односно за градоначалник, според распоредот на ДИК, врз основа на податоци од Општинските изборни комисии за градот Скопје, и ќе ги истакне на огласна табла во градот Скопје и ќе ги извести медиумите.

ДИК ги објавува конечните резултати од изборите веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивното заклучување. ДИК ги објавува конечните резултати од изборите за секоја општина посебно.

ДИК ги објавува конечните резултати од изборите веднаш, а најдоцна 24 часа од денот на нивното завршување.
Изборите за градоначалници во единиците на локалната самоуправа се одржуваат според мнозинскиот изборен модел, додека изборите за членови на советите се одржуваат според пропорционалниот модел, во еден изборен округ.