Дилета Леота активно тренира дури и за време на бременоста, порачува дека вака треба да се грижат трудниците
Една од најпознатите спортски новинарки Дилета Леота неодамна на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои наведува дека напорно тренира.
Откако во март ја сподели веста за првата бременост, Дилета Леота покажа дека не се откажува од вежбањето ниту за време на бременоста, па на својот профил сподели фотографии на кои позира во спортска облека.
Дилета првично објави клип во кој тренира заедно со тренер, каде објасни дека моментално е во второто тримесечје и какви вежби прави за да остане во форма. На една од фотографиите таа го стави описот: „И во ова време се грижам за себе“.
После тоа на нејзиниот профил следеа фотографии на кои таа позира во различни спортски комбинации. Покрај тоа, таа неодамна често споделува фотографии на кои гордо го покажува трудничкиот стомак.
За потсетување, таа и нејзиниот партнер, голманот Лорис Кариус го очекуваат своето прво дете. Тие двајца се запознале во средината на 2022 година, а врската ја објавиле во ноември истата година. Веста за нејзината бременост ја споделија во видео на кое и двајцата се во солзи од среќа.