Димитриј Медведев повторно се заканува: “Украина започна офанзива, сега Русија треба да започне своја и да го собори режимот во Киев!“

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денес соопшти дека се чини дека Украина ја започнала својата долгонајавувана контраофанзива, а Москва треба да започне сопствена офанзива откако ќе ги одбие тие напади.

Контраофанзивата на вооружените сили на Украина не е изненадување за Русија, бидејќи Киев треба да ги оправда парите и оружјето добиени од Запад. Разочарувањето на Западот може да го чини Володимир Зеленски не само функцијата, туку и неговиот живот; Украина и Западот сака да ја избрише Русија од лицето на земјата, па сега треба да се концентрираме и да им дадеме одговор“, вели тој.

По запирањето на непријателот на Русија, неопходно е да се започне офанзива за целосно соборување на режимот во Киев“, стои во неговата објава на социјалната мрежа Телеграм.