ФОТО | УЖАС – Сателитските снимки ја покажуваат катастрофата кај Херсон: По уништувањето на браната, водата проголта се пред себе – погледнете!

Компанијата Maxar Technologies објави сателитски фотографии од село во јужниот регион Херсон, Украина, направени пред и по уништувањето на браната и поплавите како резултат на тоа.

Горната фотографија го прикажува селото Корсунка направена со сателит на 15. мај, додека долната фотографија е направена претходниот ден откако селото било поплавено, пишува Index.

На фотографијата подолу е прикажана споредба на фотографии од домови и фарми во селото Корсунка на 15. мај и вчера по поплавата предизвикана од уништувањето на браната „Нова Каховка“.

Досега од областа се евакуирани повеќе од 1.000 луѓе. Нивото на водата во „Нова Каховка“ утринава почна да опаѓа, по вчерашното зголемување поради уривањето на браната, соопшти локалната управа формирана од Москва, пренесува медиумската агенција Reuters.

Нивото на водата на претходно поплавените улици од ‘Нова Каховка‘ почна да опаѓа“, соопштија локалните власти на социјалната мрежа Телеграм. Набргу по уривањето на браната, нивото на водата во тој град порасна за 11 метри.

Според прелиминарните податоци, седум лица исчезнале во околината по уништувањето на хидроцентралата, соопшти градоначалникот на градот Владимир Леонтиев на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.