Луѓето лежат раскрвавени по улиците: Изби насилство, одекнаа истрели 

Најмалку 114 лица се повредени во насилството што изби во Тел Авив меѓу мигрантите од Еритреја и полицијата, соопшти националната здравствена служба.

Меѓу нив, осум се тешко повредени, 13 со умерени повреди, а 93 лица се здобиле со полесни повреди, пишува Тајмс оф Израел.

Повредени се и 30 полицајци. Единаесет повредени лица се повредени од огнено оружје, информираат од болницата Ичилов.

Полицијата навела дека трите рани од куршуми ги нанеле полицајци кои пукале кога мислеле дека им е во опасност животот.

Еритрејските мигранти кои протестираа против владата во главниот град Асмара се судрија со владините поддржувачи и полицијата додека демонстрациите станаа насилни.

Од Асмара доаѓаат ужасни сцени на насилство, како и луѓе кои лежат раскрвавени на улица.