Димитров: Ако имаме сопствено производство на струја, неприфатливо е зголемувањето на цената на струјата

Универзитетскиот професор Константни Димитров во емисијата 24 Отворено рече дека неприфатливо би било да се поскапи струјата зошто не се трошат големи колочини на мазут зошто тие учествувале во енергретскиот биланс и формирање на цената на струјата.

– Ако имаме сопствено производство на струја кое е поефтино одошто да увезуваме од странство, неприфатливо е зголемувањето на цената. Државата вели дека нема да субвенционира. Регулаторна треба да прегледа дали има зголемени трошоци и дали се неосновани или непредвидливи. Ако очекуваме поскапување на поскапување на струјата има еден нелогичен елемент. Даваме субвенции на електростопанството, а им ја зголемуваме платата за 15%. Цената на струјата веќе jа зголемивме со ДДВ. – вели Димитров.