Димковски: Рекордни износи на откуп и финансиска поддршка кон тутунарите

Почитувани, 

Зад нас е една од најупсешните сезони на проиводство и откуп на тутун, една од стратешките култури во државата.

Со одговорен, партнерски однос на СДСМ и тутунопроизводителите обезбедивме рекорден откуп на тутун, кој заврши на време и без никакви проблеми. 

Постигната е рекордна цена од 290 денари за килограм произведен и предаден тутун, а рекордни 80 отсто од производениот и предаден тутун е од прва класа, што покажува дека реколтата 2022 е со најголем квалитет до сега.

Вкупната вредност на предадениот тутун изнесува 100 милиони евра, плус обезбедивме и исплативме уште 26 милиони евра директни субвенции кон тутунарите.  

Ова се рекордни износи на откуп и финансиска поддршка кон тутунарите со што одгледувањето на оваа култура повторно станува атрактивна за земјоделците. 

Доказ за тоа е и фактот што површини под тутун се зголемени зголемени површини за 1453 хектари, додека бројот на нови договори со тутунарите е зголемен за 1.800 договори. 

За нас во СДСМ зборот останува збор. Ветивме засилена поддршка кон сите земјоделци и навремена и неселективна исплата на субвенциите и тоа го правиме. 

Продолжуваме со вистинска грижа за нашите сограѓани земјоделци, продолжуваме со засилени инвестиции во земјоделството како клучна стопанска гранка. 

Благодарам.

Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство на СДСМ

Центар за комуниакции СДСМ