Дијана Ѓоковиќ морала да се оперира. Сето тоа го криела од Новак кој не ни знаел што се случува со неговата мајка

Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, родителите на Новак Ѓоковиќ, тенисерот број еден во светот, никогаш не ги криеле проблемите низ кои поминале за да ги воспитаат своите деца.

Новак знаеше дека Срѓан минува низ тешки времиња поради стресните ситуации кои ги доживеал за време на воспитувањето на Новак, но болеста на Дијана била скриена од Ноле:

-Една година, кога бев болна и морав да се оперирам, го чекав моментот да излезат од дома моите два поголеми сина. Беше зима. Новак замина во Австралија, а Марко во Шпанија. Кога ме оперираа, Новак секој ден ми се јавуваше на домашен телефон и бидејќи јас бев таа што вообичаено одговараше, а тие денови го слушаше гласот на Срѓан, постојано прашуваше каде е мама. Од болничкиот кревет се обидов да го прилагодам гласот за да не почувствува дека нешто се случува – се присети Дијана.

Меѓутоа, пред неговото враќање, таа успеала да ја исполни својата цел – да го пречека синот на нозе и да му ја отвори вратата од станот. По враќањето, Срѓан му кажал што се случило, а Новак и купил на мајка си букет цвеќе.