ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 ЈУЛИ: На Раковите им треба одмор, Стрелецот е оптоварен со дилеми, а Рибите се расфрлаат со пари
Дознајте каков ден ве очекува и што ви подготвиле ѕвездите.
Прочитајте што ви подготвија ѕвездите денес 09.07.2023 во однос на работата, љубовта и здравјето.
ОВЕН
Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот да се занимава со физичка активност.
Љубов: Бидете креативни кога се работи за љубовни активности, тоа треба да се исплати повеќекратно. Не оставајте ништо на случајноста.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
БИК
Работа: Рутината на секојдневните задачи ги чека повеќето Бикови во вториот ден од викендот, особено некои заостанати.
Љубов: Ве очекува одличен ден на љубовен план кога се во прашање нови познанства. Оставете ги старите приказни зад себе.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИТЕ
Бизнис: Ништо не може да ги наруши плановите за Близнаците овој ден. Единствено што е важно е физички да не се изморите трчајќи како и обично во неколку правци.
Љубов: Во текот на оваа недела вашата љубовна ситуација најверојатно ќе остане на приближно исто ниво како и претходниот ден.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Раковите би можеле да бидат окупирани со бројни домашни работи и подготовки за новата работна недела. Имате уште многу работи за кои треба да се грижите.
Љубов: Доколку планирате заедничко патување, одмор, сега е вистинската можност да го реализирате. Потребен ви е одмор и релаксација.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Лавовите веќе треба да имаат договорени активности за оваа недела поврзани со одмор и отсуство од дома.
Љубов: Доколку имате желба и волја да поминете што повеќе време заедно, еве ја идеалната можност тоа да го остварите.
Здравје: Нема причина за грижа.
ДЕВИЦА
Бизнис: Ќе добиете некои поволни информации поврзани со нови деловни зделки или некоја обука.
Љубов: Бидете опуштени и израдувајте ја саканата личност со некој убав знак на внимание.
Здравје: Многу добро.
ВАГА
Работа: На Вагите им претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи за завршување на претходно преземените обврски, или пак ќе одлучите да започнете нова иницијатива.
Љубов: Најверојатно ништо конкретно, но дури и мало навестување и разбудена надеж за нов љубовен подем ќе придонесе во голема мера да се подигне нивото на самодоверба.
Здравје: Одлично.
СКОРПИЈА
Бизнис: Може да очекувате позитивни повратни информации во врска со бизнисот што планирате да го започнете во наредниот период.
Љубов: Искористете го овој ден за убаво дружење, излет со пријателите. Бидете позитивни и опуштете се што е можно повеќе.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Најтипичните Стрелци денес доста добро се справуваат со бројните обврски. Остатокот од времето треба да го посветите на себе и да се одморите.
Љубов: Со директен и отворен пристап можете да ги решите сомнежите и дилемите кои ве оптоваруваат.
Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.
ЈАРЕЦ
Работа: Претстои прилично релаксиран ден за уживање на Јарците и евентуално да му помогнат на некој од домашните. Дефинитивно ќе уживате во оваа средина.
Љубов: Не оставајте поголеми планови и конкретни акции за подоцна, туку преземете иницијатива и создадете убава атмосфера и за двајцата.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
ВОДОЛИЈА
Работа: Денес плановите може да ви ги нарушат неколку важни деловни разговори. Не се нервирајте, понекогаш не можете да предвидите некои ситуации.
Љубов: Денес би можеле да очекувате пријатно изненадување од нова љубов.
Здравје: Би уживале во физичка активност.
РИБА
Работа: Риби, земете го овој ден за одмор. Внимавајте кога се во прашање трошоците, не се расфрлајте.
Љубов: Треба да бидете активни на љубовно поле, се што позитивно ќе направите за вашата сакана ќе ви се исплати повеќекратно.
Здравје: Внимавајте на исхраната.