Доаѓаат крокодили: Страшна последица од поплавата во Австралија, огромен рептил демнее сред град, потопен и аеродромот (ФОТО, ВИДЕО)

Во северниот дел на австралиската сојузна држава Квинсленд, рекордните врнежи донесоа поплави за кои властите стравуваат дека ќе бидат најлошите во историјата.

Австралија, поплави

BBC известува дека илјадници луѓе се евакуирани, додека голем број луѓе сè уште се заробени во областа.

Во некои области, тропски циклон донесе дожд колку што паѓа во цела година.

Австралија, поплави

На аеродром во Кернс авионите на пистата беа поплавени  a крокодил е снимен среде градот Ингам, додека луѓето бегаат од областа со чамци.

Се наведува дека засега нема информации за жртви или повредени лица.

Обилните врнежи се очекуваат да продолжат во тој дел од Австралија и во следните 24 часа.