„Доби дете, мислев ќе се подобри, но…“ Се огласи таткото на монструмот од Градачац и шокираше со зборовите (фото)

Фикрет Сулејмановиќ, таткото на масовниот убиец од Градачац, Нермин Сулејмановиќ, откри дека се срами од својот син, кој со убиството на три лица го зацрни цел Градачац.

– Не знам што го наведе на оваа грешка. Сигурно му изгорел мозокот. Како дете на пет-шест години бил нормален, после не. Тој стаја таков бидејќи не живееше со мене, не се хранеше со мене, тој порасна далеку од мене. Мајка му починала пред неколку години, живеела со него. МВР го знаеја подобро, да го уапсија навреме, кога Низама го пријави може немаше да се случи ова… Ама видовте дека никој не се занимаваше со тоа, па чекавме да експлодира, и го направи она што го направи – вели таткото на Нермин Фикрет за весникот Република.

Несреќниот човек вели дека се сретнал со својата снаа Низама Хеќимовиќ на која синот и’ изрече казна во петокот и дека тогаш се надевал дека монструозниот Нермин се смирил.

– Решив еден ден да ги видам, па ја наведнав главата и отидов кај нив. Ги видов Низама и бебето пет минути. Бев среќен. Имаше дете, мислев дека ќе се смени, дека ќе се подобри, дека ќе биде сè подобар и подобар поради бебето. Сепак, тој остана ист. Кој не би се надевал на неговото дете да се подобри? – прашува разочараниот татко.

Вели дека од болка не може ни да помисли на масакрот.

– Само пијам апчиња и гледам во таванот и замислувам дека не знам ништо. Би сакал да го преспијам ова, еден месец и да се разбудам. Толку не ми е добро, не знам веќе што зборувам – рече неутешениот Фикрет.

Нермин Сулејмановиќ во петокот ја киднапираше сопругата Низама Хеќимовиќ и бебето од куќата на нејзината тетка, а потоа и’ пукаше во глава во директен пренос на Инстаграм, во неговата викендичка.

После тоа, тој отишол во градот и со истиот пиштол ги убил братот и таткото на својата поранешна девојка Џенана, Денис и Џингис Ондер, пред конечно да се самоубие кога бил опкружен од полицијата.