Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, го продолжи договорот со фудбалскиот клуб на уште пет години.
Мартин Одегард се пресели од Реал Мадрид во Арсенал на позајмица во август 2021 година, а за лондонскиот клуб одигра 112 натпревари, постигна 27 гола и имаше 15 асистенции.
Тој пропушти само еден натпревар во Премиер Лигата минатата сезона, со што Арсенал заврши на второто место зад Манчестер Сити.
„Потпишувањето на новиот договор беше лесна одлука за мене од повеќе причини, најмногу затоа што она што сега го правиме во клубот е посебно и сакам да бидам дел од него. Навистина сум возбуден за се што претстои. Најдов место каде што можам навистина да се смирам и да го наречам дом“, изјавил Мартин Одегард.
Капитенот на норвешката репрезентација ќе остане во Арсенал до крајот на сезоната 2027/2028.
Тој постигна три гола на седум натпревари оваа сезона, вклучувајќи ја и победата од 4:0 над ПСВ во Лигата на шампионите во средата.
Како тинејџер од Стромсгодсет, Мартин Одегард дојде во Реал Мадрид во 2015 година и стана најмладиот дебитант на мадридскиот клуб, кога на 15 години и 253 дена играше на пријателски натпревар во Обединетите Арапски Емирати.