Жозеп Борел: “Азербејџан да обезбеди целосно почитување на правата и безбедноста на Ерменците од Нагорно-Карабах“

Европската унија со внимание ги следи случувањата во Нагорно-Карабах и изразува целосна солидарност со Ерменците од Карабах, кои се соочија со големи тешкотии, поради повеќемесечната блокадата на Лачинскиот коридор што доведе до недостиг од храна и лекови и поради повеќекратни пречки во испораката на гас и струја, соопшти високиот претстаник на ЕУ за наворешни работи, Жосеп Борел, во обраќање пред Советот за безбедност на ОН. 

Азербејџан сноси одговорност да обезбеди целосно почитување на правата и безбедноста на Ерменците од Карабах и ЕУ постојано јасно става до знаење дека употребата на сила за решавање на споровите не е прифатлива“, порача Жосеп Борел на седницата, посветена на најновиот развој на настаните во Нагорно-Карабах.

Тој нагласи дека ЕУ ја осуди воената операција на Азербејџан во регионот, изрази жалење за жртвите од оваа ескалација. и очекуваме прекин на непријателствата и секаков вид насилство.

На локалното население итно му е потребна хуманитарна помош, а му требаат и гаранции дека ќе се почитуваат нивните права и безбедност. Затоа, бараме од Азербејџан да преземе конкретни мерки во тој правец. Да се обезбеди непречен хуманитарен пристап до цивилното население, вклучително и преку целосно повторно отворање на Лачинскиот коридорот“, истакна Жосеп Борел, додавајќи дека ЕУ и нејзините земји членки се подготвени да обезбедат итна хуманитарна помош, а Европската комисија го најави првиот пакет хуманитарна поддршка.

Според Жосеп Борел, Азербејџан мора да се вклучи во сеопфатен и транспарентен дијалог со Ерменците од Нагорно-Карабах за да се обезбедат нивните права и безбедност, вклучително и нивното право достоинствено да живеат во своите домови. 

Дозволете ми да бидам јасен. ЕУ целосно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет и на Азербејџан и на Ерменија и очекува сите актери да го сторат истото. Го повикуваме Азербејџан да ја потврди својата недвосмислена посветеност на територијалниот интегритет на Ерменија и да се согласи на разграничување на нивната меѓусебна граница, во согласност со словото и духот на Декларацијата од Алмати од 1991 година“, вели Жосеп Борел.

Тој нагласи и дека ЕУ повикува на продолжување на преговорите меѓу Ерменија и Азербејџан за сите нерешени прашања, со цел двете земји да склучат мировен договор.

Остануваме посветени да продолжиме да го олеснуваме дијалогот меѓу сите страни со цел да се обезбеди сеопфатен, одржлив мир во корист на сите луѓе во регионот“, додаде Жосеп Борел во обраќањето.