Кристијано Роналдо ја искористи репрезентативната пауза пред продолжението на клупската сезона во Саудиска Арабија за да му најде нов клуб на својот син Jуниор.
Познато е дека Кристијано Роналдо е член на Ал Наср од декември минатата година, а сега по неговите стапки ќе тргне и неговиот наследник.
Младиот 13-годишен Кристијано Роналдо Jуниор од денеска е член на Ал Наср и ќе игра за селекциите до 13 и до 15 години. Како и неговиот татко, тој ќе ја носи седмицата на својот дрес.
Јуниор ќе дебитира за новиот клуб веќе во петок, кога стартува националното првенство за играчи до 13 години.