Симптомите на мозочен удар може да бидат различни кај жените, еве кои се

Многу од нас мислат дека можеме да ги препознаеме симптомите на мозочен удар. Доколку забележите овенато лице, слабост на едната рака или нејасен говор, јасно е дека треба веднаш да повикате итна медицинска помош.

Сепак, жените може да доживеат различни и посуптилни симптоми на мозочен удар. Според неврологот Хера Камдар, станува збор за силна главоболка, слабост, замор, отежнато дишење и болки во градите, гадење и повраќање, мозочна магла и икање.

„Симптомите кај жените се посуптилни и може да се помешаат со други здравствени проблеми“, изјави д-р Камдар за CNN.

Студија од 2019 година сугерира дека жените може да доживеат икање кога имаат мозочен удар, бидејќи тоа е знак за оштетување на мозокот во областите што го контролираат дишењето и движењето.

Зошто жените се поподложни на мозочен удар?

Научниците веруваат дека причината зошто мажите и жените различно доживуваат мозочни удари лежи во хормоните. Сепак, мажите се изложени на поголем ризик.

Други знаци на мозочен удар вклучуваат целосна парализа на едната страна од телото, ненадејно губење или заматување на видот, вртоглавица, конфузија, тешкотии во разбирањето на она што другите го зборуваат, проблеми со рамнотежа и координација, тешкотии при голтање, ненадејна и силна главоболка и губење на свеста.