Додека се пишува за прељубата, семејството Меси во Дизниленд: Дали Лео е човекот кој ќе ја прокоцка единствената жена која цел живот е со него? (ВИДЕО)

Првиот скандал по 15 години брак

Веста за изневерувањето и разводот на Лионел Меси со Антонела Рокузо, која денеска ги обиколи социјалните мрежи и медиумите, ја шокираше јавноста.

Нивниот брак, кој трае веќе 15 години, секогаш важеше за хармоничен, без сензации и скандали, но натписите дека фудбалерот ја изневерил сопругата со новинарка, никого не остави рамнодушен.

Наводно, Меси ја изневерил Антонела со Софија Мартинез, новинарка која ја следи фудбалската репрезентација на Аргентина, а додека овие натписи кружат на мрежата, Лео е со сопругата и децата во Бразил, каде што го посетиле Дизниленд.

Судејќи по фотографиите, се е исто како порано.

Исто така, во морето натписи за измама и изнесување докази за прељуба, и откопани снимки на кои Лео и Софија имаат пријатен разговор, има еден што се издвојува.

Имено, Антонела и Лео се познаваат цел живот, а речиси исто толку се заедно, без разлика дали се во пријателска или романтична врска. Во тој период од „детска“ врска и поддршка, додека тој беше само талент, преминаа во Барселона и вртоглава слава. Во меѓувреме се венчаа и добија три сина, а Антонела го следеше на патот до освојување на осум Златни топки.

Дали Лео е спремен да прокоцка се?