ДОДЕКА ТАТКО МУ ИМА ПОЛИТИЧКИ РАЗГОВОРИ, ТОЈ СЕ „БОРИ“ СО ПАРЧЕ ПИЦА: Хит фотографии од малиот принц Џорџ кои покажуваат дека и тој е САМО ДЕТЕ
Британскиот принц Џорџ ја помина саботата со својот татко Вилијам на турнир во крикет во Лондон.
Деветгодишниот Џорџ го гледал натпреварот помеѓу Англија и Австралија со својот татко, но повеќе го интересирала пицата отколку играта.
Фоторепортерите го „уловија“ малиот принц како ужива во парче од омилената храна на многумина, а подоцна се дружеше и со премиерот Риши Сунак. Ги поздрави и комичарот Стивен Фрај.
Британските медиуми пишуваат дека Џорџ и Вилијам се поклопиле во модата, а дека малиот принц е „лик и подобие на неговиот татко“.
Вилијам во неколку наврати на својот син му ги објаснувал случувањата на теренот, а судејќи по фотографиите одлично се забавувале.
Откако се појавија фотографиите, британската јавност уште еднаш беше воодушевена од принцот Џорџ, кој често е пофален за неговата „разиграност и опуштеност“, иако се очекуваше дека деветгодишното момче повеќе ќе го интересира пицата отколку политиката.