ДОДЕКА УМИРАЛА ГО ПОВИКУВАЛА НЕГО: Докторот кој последен пат ја видел Дијана жива откри страшни детали за смртта на саканата принцеза!

Поминаа 26 години од сообраќајната несреќа во која загина принцезата Дијана, но сеќавањето не згаснува. Како по некое непишано правило, во пресрет на годишнината од нејзината смрт, во медиумите осамнува ново сведоштво за трагедијата што се случи во Париз на 31 август 1997 година.

Иако принцезата Дијана ја нема повеќе од две децении, таа сè уште е една од најомилените членови на кралското семејство. Околу неа сè уште се вртат многу шпекулации – од фактот дека нејзината смрт била трагична несреќа, до тоа дека се било испланирано и наместено.

Принцезата Дијана

Изминативе години се слушаа различни верзии за тоа како дошло до несреќата со смртен исход, а неодамна во јавноста стигнаа и изјави на очевидци од местото на настанот. Сите тие претходно дале изјави во полиција, но никогаш не зборувале за новинарите.

Во автомобилот во кој се обидувале да побегнат од папараците, а потоа удриле во подвозникот, на лице место загинале возачот Хенри Пол и тогашниот партнер на Дијана, Доди Фајед. Тие беа придружувани од телохранителот Тревор Рис-Џонс, кој беше единствениот преживеан во несреќата , додека Дијана почина четири часа подоцна во болница.

Последните зборови ги упатила до него

Дијана починала како последица на внатрешно крварење предизвикано од тешки повреди на градниот кош, белите дробови и главата. Во минутите по несреќата, полусвесна на задното седиште, со згмечени главата и градите, Дијана, вели Џонс, тивко го повикувала Доди.

Тим од пожарникари најпрвин пристигнал на местото на настанот, а еден од нив и пришол на принцезата Дијана, која сè уште била при свест.

– Освен повреденото рамо, се чинеше дека се е во ред со жената која била во автомобилот. Дишеше и зборуваше – се присети шефот на противпожарната служба Ксавиер Гурмело, кој тогаш не знаеше дека и помага на британската принцеза.

– Кога стигнав на местото на несреќата, таа се уште зборуваше и беше свесна. Таа рече на англиски: „О Боже, што се случи?“ Можев да го разберам тоа, па се обидов да ја смирам. Ја држев за рака“, изјави Завиер за Daily Mail.

– Дури кога ја ставивме во брзата помош дознав за кого се работи. Капетанот ми рече дека тоа е принцезата Дијана, а потоа сфатив зошто изгледа познато.

Слично искуство имал и докторот Фредерик Мејли, кој случајно се нашол на местото на несреќата додека се враќал дома по забава.

-Веднаш видов дека две лица се мртви. Дијана и нејзиниот телохранител беа тешко повредени, но се уште живи – изјавила тогаш Мејли. Докторот најпрво и помогна на принцезата, која седеше на подот на „мерцедесот“.

– На почетокот изгледаше добро, па зборував со неа на англиски. И кажав дека сум доктор и се ќе биде во ред. Дури и кога ја однесе брзата помош, немав поим кој е пред мене. Дури подоцна го открив – додаде тој.

Во Велика Британија владееше општ хаос

Веста дека во Париз починала саканата британска принцеза звучела толку неверојатно што шефот на болницата во која починала во неколку наврати одбивал да дојде, убеден дека се работи за шега.

Принцезата Дијана, сообраќајната жена

-Кога конечно заминав, ја видов мртвата принцеза Дијана. Прво помислив на нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари. Морам да возам до палатата и да пријавам што се случило. Готово е, тоа е најлошото – се присети тогашниот началник.

Во Британија околу 3 часот по полноќ принцот и кралицата дознале дека Дијана починала на операционата маса. Настана хаос. Елизабета го убедила Чарлс да не ги буди принцовите, туку да им ја соопшти тажната вест дури наутро.

Чарлс бил надвор од себе. Знаеше дека јавноста ќе го обвини за се и се плашеше дека е загрозен самиот опстанок на монархијата. Дополнително го згрози медиумското внимание кое наеднаш ќе падне врз неговата љубовница Камила, која таа вечер сè уште го тешеше телефонски. Кога утрото на Вилијам и Хари им било кажано дека нивната мајка починала, тие биле однесени на миса додека во Лондон владеел општ хаос.

Дијана беше погребана на 6 септември 1997 година со целосни кралски почести на имотот на семејството Спенсер. Конечно, на денот на погребот, кралицата прошета меѓу огромните цвеќиња и букети пред палатата, се поклони пред ковчегот на Дијана и за прв пат во историјата го спушти знамето над Бакингемската палата на половина копје.