ТОЈ Е НАЈПЛАТЕНИОТ ТРЕНЕР НА СВЕТОТ: Манчини доби вистинско богатство во Саудиска Арабија, но не е најскап! Има еден над него

Италијанскиот стручњак Роберто Манчини потпиша договор со Фудбалската федерација на Саудиска Арабија до 2027 година.

Во тој период Манчини ќе ја води репрезентацијата на оваа земја, а во зависност од различните бонуси ќе добива меѓу 25 и 30 милиони евра годишно.

По тој основ , Роберто Манчини е убедливо најскапиот тренер во светот. На пример, најскап тренер досега беше Ханси Флик, кој ги предводи Германците, а имаше плата од 6,5 милиони евра годишно. Практично 4 пати помалку од Манчини.

Меѓутоа, ако Италијанецот се споредува со тренери по клубови, тогаш тој не е најплатениот фудбалски тренер во светот. Има еден пред него.

Според изворите на францускиот „Л тим“, најплатен во светот е Диего Симеоне. Аргентинецот на клупата на Атлетико Мадрид добива 34 милиони евра годишно.

Зад Манчини, кој според нивните извори заработува 25 милиони, се Пеп Гвардиола од Манчестер Сити со 22,4 милиони годишно и Јирген Клоп од Ливерпул со 17,8 милиони.

Стивен Џерард, кој му се приклучи на Ал-Итифак од Саудиска Арабија за 17,6 милиони годишно, неодамна влезе во топ 5.

Во топ 10 се уште Масимилијано Алегри од Јувентус (12,8), Томас Тугел од Баерн (12), Маурисо Покетино од Челзи (12), Карло Анчелоти од Реал (11) и Симоне Инзаги од Интер (10).

Прв под Топ 10 е Жозе Мурињо со „скромни“ 9,2 милиони евра годишно.