Додека Чола си игра со милиони, брат му продава ќебапи во Белград: Дознајте во какви односи се тие двајца ,,Многу си личат” (фото)

Кога зборува за своето семејство, балканската ѕвезда Здравко Чолиќ често ги споменува сопругата Александра и ќерките Уна и Лара, но малкумина знаат дека некоја друга личност во животот на Чола има посебно место во неговото срце и душа.

Тоа е неговиот помал брат Драган, со кој е близок цел живот и му е голема потпора, особено по смртта на мајка му, кога станаа уште поблиски и поодговорни еден кон друг.

Драган Чолиќ денес живее во Белград и води ќебапчилница на Дорчол, за која рецептот за оригинални сараевски ќебапи го купил од познатиот мајстор Хоџиќ.

Пејачот често го посетува својот брат во ќебапчилницата, но ретко ги гледаме двајцата заедно во јавност. Како што рекол постариот брат, нивните родители направиле сè за да ги водат двајцата на вистинскиот пат.

– Моите родители направија сè за да нè одведат мене и брат ми Драган на вистинскиот пат и ни го дадоа најдоброто на двајцата – изјави претходно Чола за „Стори“.

Драган е голем поддржувач на познатиот брат, па во една прилика лудо се забавуваше на неговиот концерт со Неда Украден, а многумина велат дека Здравко и Драган многу личат.