ДОДИК И ЦВИЈАНОВИЌ ЈА ЧЕСТИТАА ПОБЕДАТА НА МИЛАТОВИЌ! „Се надеваме дека успешно ќе соработуваме во духот на добрососедските односи“

Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ упатија честитки до новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик и српската членка и претседателка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ му ја честитаа победата на Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето Европа сега, во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора.

 Се надевам дека ќе ја води Црна Гора на патот на напредокот и просперитетот и дека во духот на добрососедските односи успешно ќе соработуваме за доброто на граѓаните и на Црна Гора и на Република Српска – напиша Додик на својот Твитер профил .

Цвијановиќ на Милатовиќ и упати „најсрдечни честитки по повод победата на претседателските избори“ и му посака успешно да ги извршува „одговорните должности што ви ги довериле граѓаните на Црна Гора“, пренесува Срна.

Таа изрази уверување дека победата на Милатовиќ ќе придонесе за зајакнување на пријателските односи, како и дека ќе отвори нови перспективи за партнерство и соработка на билатерален и регионален план.

– Во тоа име уште еднаш ви ја честитам победата и срдечно ве поздравувам – вели Цвијановиќ во честитката.