Додик се извини откако го навреди Ѓоковиќ: Благодарам на РТС за мојата непроспиена ноќ

Претседателот на РС Милорад Додик зборуваше откако доцна синоќа на интернет беше објавено видео во кое го навредува Новак Ѓоковиќ и неговото семејство.

„Иако, можам да ти кажам, овие Ѓоковиќи се тешки у пи**у матер , уф… Нашиве тоа го доживуваат емотивно, а кога ќе влезеш во работа – аууу… цигани, можам да ти кажам. Тие соработници од неговите, сепак губат во полуфиналето…“, изјави Додик пред почетокот на емитувањето на емисијата „Око“ на Радио-телевизија на Србија.

Додик денеска објави дека е „разочаран од Радио и телевизија на Србија“.

„Како гостин во емисијата „Око“ на РТС синоќа, отворено, јасно, прецизно како и секогаш го искажав мојот став за сите поставени прашања. Мојот однос кон водителот на емисијата, Папиќ, останува полн со почит и благодарност. Семејството Ѓоковиќ е чесно, но изложено на разни непријатности и подметнувања од тој дел на Србија кој не може да им го прости успехот“, истакна Додик и додаде.

„Жал ми е што во оваа прилика доживеав разочарување во РТС. Ќе продолжам да го почитувам и ценам успехот на неповторливиот Новак Ѓоковиќ и да го почитувам и ценам неговото семејство како и досега. Драго ми е што ги запознав менаџерските и раководствени способности на Ѓорѓе Ѓоковиќ и останувам многу благодарен што турнирот оваа година се одржа во Бања Лука.

Се извинувам ако шпекулативното прикажување на мрежите ги повреди членовите на семејството Ѓоковиќ. Исто и мене. Благодарам на RTS за мојата непроспиена ноќ. Не ми се верува дека го направија тоа на толку грозоморен начин. Како искрен обожавател на Новак Ѓоковиќ и како тенисер и како маж, му посакувам многу среќа нему и на неговото семејство. Успех во се на Срѓан и Ѓорѓе“, рече Додик, пренесува СРНА.

На крајот, Додик рече дека неговиот однос со семејството Ѓоковиќ нема да може да биде загрозен од никакво подметнување и медиумска непрофесионалност.

„РТС изгуби некој кој, за жал, мислеше дека има надеж за професионализам во медиумите“, рече Додик.