“ДОЗВОЛЕТЕ МИ ДА РАЗЈАСНАМ!“ – Доналд Трамп жестоко го навреди Џо Бајден за нападот на Хутите во Јемен: “Тоа е истата банда која срамно се повлече од Авганистан“

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, остро го критикуваше актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, за нападот на позициите на Хутите во Јемен.

Доналд Трамп, исто така, се запраша зошто „истата банда“ што се справи со катастрофалното повлекување од Авганистан се фокусира на Хутите, а не на јужната граница на САД каде што е во тек голема мигрантска криза. Тој, исто така, го критикуваше државниот секретар за одбрана, Лојд Остин, дека води војна од болнички кревет.

Дозволете ми да разјаснам! Фрламе бомби низ целиот Блиски Исток, каде што ја победив ИСИС, а нашиот државен секретар за одбрана, кој штотуку исчезна пет дена, води војна од својот лаптоп во болничката соба“, напиша Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи.

Лојд Остин и Пентагон, да потсетиме, се соочуваат со критики затоа што Белата куќа и јавноста не биле навреме информирани дека тој ненадејно се разболел по операцијата од рак и бил хоспитализиран со денови.

Ова е истата банда што се предаде во Авганистан, поради што никој не одговараше и не беше отпуштен од работа. Тоа беше најсрамниот момент во историјата на Соединетите Американски Држави. Сега имаме војни во Украина, Израел и Јемен, но нема војна на нашата јужна граница. Ох! Тоа има многу смисла! Корумпираниот Џо Бајден е најлошиот претседател во историјата“, додаде Доналд Трамп.

Демократите на Капитол Хил, исто така, тврдат дека Џо Бајден неуставно им наредил на американските сили да гаѓаат цели во Јемен, користени од бунтовниците Хути поддржани од Иран.