ДОКТОРИТЕ ОД ПОЈАСОТ ГАЗА СЕ ОБРАТИЈА НА СВЕТОТ – Прес-конференцијата ја одржаа помеѓу мртвите трупови и порачаа: “Ова е масакар!“

Министерството за здравство на Појасот Газа одржа прес-конференција помеѓу повеќе од 600 тела од арапската национална болница во Газа.

Израелската Армија директно ја бомбардираше болницата, што доведе до 600 жртви и повеќе од 900 повредени. Бомбардирањето беше документирано со фотографии и видеа“, објавија здравствените власти.

Претставници на Министерството за здравство директно зборуваа од болницата и застанаа меѓу трупови на мртви луѓе и деца. Видеото не го објавуваме бидејќи е крајно вознемирувачко.

Арапските медиуми и палестинските профили на социјалната мрежа Телеграм претходно објавија дека има повеќе од 1.000 мртви и ранети вкупно.

Газа, болница
моментот на нападот на болницата во Појасот Газа

Страшно е тоа што се случи бидејќи сите тие луѓе се цивили кои ги напуштија своите домови и стигнаа до место за кое веруваа дека е безбедно. Според меѓународното право, болницата е безбедно место. За една минута сите беа убиени во болница. Бројот на загинати во моментов е повеќе од 500, а веруваме дека тој број ќе надмине илјада. Тоа е масакр“, рекол доктор од Појасот Газа со име Зијад Шехада.

.Вознемирувачката снимка покажува неснимен хорор. Делови од тела има насекаде, очајот одекнува низ болницата, амбулантни возила горат, мртвите ги вадат од урнатините и ги редат на улица…