Докторката откри како да се справиме со вирусите кои беснеат по плажите: Ова се сериозни инфекции и вака треба да постапиме (фото)

Д-р Ивана Беговиќ Лазаревиќ откри како да се справите со вирусите кои се сè позастапени по одморалиштата и плажите.

Летниот период носи сезонски вируси и подложност на бактериски инфекции кои се карактеристични за тропските денови.

Што се рота и коксаки вирусот, како да се препознаат симптомите, поради што сите се жалат на затнат нос? – откри доктор Ивана Беговиќ Лазаревиќ, епидемиолог од Градскиот завод за јавно здравје на Република Србија.

„Важно е да имате пробиотик на пат. Ова е многу важно, за да се одржи цревната флора, бидејќи инфекциите со Рота вирусот и вирусот Коксаки, кој предизвикува болест на стапалото, устата и усната празнина, може да ја нарушат нашата цревна флора со голема количина на дијареа.

Затоа треба да се одржува, а ако има инфекција и голема количина на дијареа дефинитивно ќе помогне пробиотикот. Ако оди во несакана т.е посериозна насока со ризик од дехидрација , мора да се контактира лекар“, предупреди д-р Беговиќ Лазаревиќ и откри како се појавуваат симптомите на вирусот Коксаки.

„Во повеќето случаи започнува со покачена телесна температура, промени се појавуваат околу устата, рацете и стапалата, но може да се појават во пределот на меѓуножјето и пределот на коленото. Карактеристичните плускавци се придружени со дијареа, а доколку промените настанале во усната шуплина, детето одбива храна затоа што го боли.Температурата треба да се спушти и на некој начин да се внесат ладни оброци и ладни течности бидејќи земањето храна е болно. Се пренесува со контакт преку плунка, преку раце, лесно се пренесува на други деца. Вирусот е доста заразен“, рече таа.

,,Коксаки вирусот се пренесува само преку контакт. Мора строго да се води сметка за хигиената. Важно е како се чува храната, бидејќи на високи температури е подложна на брзо размножување на бактерии”, објасни докторот.

Во последно време голем број на луѓето се жалат на затнат нос што не е карактеристично за овој период од годината.

„Мислам дека престојот во климатизирани простории има врска со тоа. Преминот од топло на ладно и обратно влијае на крвните садови. Ова се промени во крвните садови се собираат и се шират“, изјави д-р Ивана Беговиќ Лазаревиќ.